Search

Протест на Здружението на глуви и наглуви пред Централниот регистар

Протест пред Централниот регистар се одржа денеска во организација на Здружението на глуви и наглуви (ЗГН), поради постапка за упис на претседател на Здружението во Центарлниот регистар.

– На 8 јануари 2019 избран е претседател, доставена е цела документација што е потребна до Централен регистар и записници од самото изборно собрание, листа на делегати и други покани до делегатите. Тоа е одобрено од Централен регистар со упис направен на 9 јануари и сега во меѓувреме има некоја достава, барање за упис на друг претседател на некое вонредно собрание што не е постоечко, бидејќи се направени фалсификати внатре. Листата што тие ја доставуваат до Централен регистар и тоа што го бараат, промена на претседателот, од 8 јануари до 15 јануари, бидејќи они тогаш поднеле барање, ја поднесуваат Димитар Башевски и Билјана Среткоска, велат од Здружението.

Велат дека не постојат тие луѓе во сојузот и прашуваат зошто поднесуваат листа на други делегати, нелегитимни, спротивна од листата уважена од страна на Централниот регистар.

– Доколку добие Ибраим Тахировски, а ноември месец се повтори, сојузот ќе пропадне. Затоа што со сметката во ноември  на сојузот е Направена штета од над милион и двесте илјади денари, не дозволуваат глувите да се повтори истата штета на сметката, велат од ЗГН.

Претставници на Здружението остварија и средба во Централниот регистар.

Треба да знаете
Последни објави