Search

Протест во Подгорица: „Тие се минато, ние сме Европа“

Во Подгорица вечерва се одржа петтиот граѓански протест од кој беше порачано дека власта ја приватизирала државата и повторно беа побарани оставки од највисоките функционери.

Како што информира агенцијата „Танјуг“ протестите минале без инциденти, а организаторите ги повикаа граѓаните мирно да се разотидат и закажаа повторен собир на 23-ти март.

Професорот Горан Иво Мариновиќ се обрати на протестот и рече дека црногорското општество е болно и дека поимите за почит, одговорност и професионализам го изгубиле значењето.

„Долго владеат со уцени и страв, со цел власта да ја пренесуваат од колено на колено. Кога ќе имаме слободни и фер избори, кога ќе имаме демократска промена на моќта, повеќе нема да имаме систем кој е заснован на страв и потиснување на слободната мисла“, истакна професорот и додаде: „Тие се минато, ние сме Европа“.

„Вие ја држите власта 30 години, но ние сме државата. Ние сме знамето“, беше порачано од преполниот Плоштад на незавизноста во центарот на Подгорица.

Еден од организаторите на протестот, Џемал Перовиќ, повика на ослободување на Црна Гора и на сите нејзини институции, но исто така одговори и на критиките на претседателот Мило Ѓукановиќ дека демонстрантите на протестот не неосат црногорски знамиња.

„Додека ги ограбувате државните ресурси и нуркате во Дубаи, изнесувате пари во странски банки, отворете офшор компании, каде е тогаш државното знаме? Додека апсите пратеници, каде ви е Уставот, каде се законите“, јавно запраше Перовиќ.

На почетокот на протестот, организаторите апелираа до демонстрантите да протестираат мирно и достоинствено, да не наседнуваат на провокации и порачаа дека протестните маршеви се маратон со кој ќе се постигне целта.

Тие, исто така и порачаа на црногорската опозиција дека од нив се очекува правилно да ги вреднуваат промените, но и дека политичарите треба да го променат своето делување и одново да ги постават приоритетите.

Треба да знаете
Последни објави