Search

Протестот на опозицијата мина мирно,Баша го одржа ветувањето,Рама на концерт во Бутринти

Илјадници приврзаници на обединетата албанска опозиција, граѓани од сите делови на земјата, синоќа учествуваат на деветтиот „национален протест”.

Според организаторот, ова е најмасовен досега протест, на кој учествуваат над 120.000 илјади.

Протестот почна со обраќањето на лидерот на демократската партија,Љуљзим Баша, кој до местото од каде се обрати, дојде со помалата ќерка, додека сопругата со поголемата ќерка беа во толпата.

-За заминувањето на Еди Рама нема преговори. Нека знае добро Рама,нема ни еден чекор назад. Нема збор на 30 јуни. Граѓанската алијанса е на нозе. Битката продолжува од град во град, од село во село. Демократијата против нарко државата, порача меѓу другото Баша.

Вообчаено протестот продолжи пред Парламентот и помина мирно.

Претходно членовите на младинскиот форум на Демократската партија пред Владата поставија импровизирана статуа на премиерот Еди Рама, како онаа на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа во центарот на Тирана, а беше урната на стартот на плурализмот.

На импровизираната статуа поставена на голема гласачка кутија, Рама во рацете држи две торби на едната пишува „гласови”, а на другата знакот на еврото. Статуата беше урната на идентичен како онаа на Хоџа со јажиња.

Имаше многу пароли во врска со прислушуваните разговори од досиејата 339 и 184 објавени од германскиот веник „Билд” за кражба на изборите од страна на Еди Рама во соработка со криминалци и со корумпирани негови блиски соработници од полицијата и администрацијата.

На голем душек, исто така, пред владата лежеа млади со маски со ликот на Рама и негови соработнци кои се споменуваат во прислушуваните разговори, симболично како да се во затвор.

Додека опозицијата протестираше во Тирана премиерот Еди Рама со хеликоптер замина во градот Бутрнти, каде концерт има Карла Бруни, сопруга на поранешниот француски претседател Нколас Саркози. Тој останува во јужниот дел на земјата каде и за време на викендот изборни митинзи освен во Бутринти ќе одржи и во Ксамил, Саранда и Делвина.

Треба да знаете
Последни објави