Search

Протестна нота од Ирак за Турција поради нарушување на воздушниот простор

Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска го повика турскиот амбасадор во Багдад при што му врачи протестна нота поради повторно нарушување на воздушниот простор на Ирак.

-Министерството ги осудува акциите на турските воздушни сили кои го нарушуваат воздушниот простор на Ирак и притоа нападнаа неколку локации во северен Ирак, што доведе до човечки загуби и материјална штета, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство.

Турската војска претходно соопшти дека денеска извела воздушни удари во северен Ирак  и притоа убила осуммина екстремисти на Курдска работничка партија(ПКК), која е забранета во Турција.

Треба да знаете
Последни објави