Search

Протести против новата чешка министерка за правда

Неколку илјади Чеси денеска се собраа на протести во Прага, поради именувањето на Марија Бенешова за нова министерка за правда на  Чешка.

Демонстрантите стравуваат дека Бенешова би можела да влијае врз судскиот процес против чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој е обвинет за проневера на два милиони евра од европските фондови.

Бенешова, која за министерка за правда беше именувана минатата недела, досега беше советник на чешкиот претседател Милош Земна, кој е близок сојузник на премиерот Бабиш.

– Протестираме против фактот што таа стана министерка за правда еден ден откако полицијата предложи обвинение против премиерот. Според нас, тоа е неприфатлива коинциденција, изјави еден од организаторите на протестот, Микулаш Минар.

Треба да знаете
Последни објави