Search

Протести на црногорската опозиција

Приврзаниците на опозициската партија Демократски фронт доцна синоќа се собраа на протест пред Собранието на Црна Гора во Подгорица.

Пратеникот од Демократскиот фронт, Предраг Булатовиќ изјави дека на раководството во Собранието им пренел дека пратениците на опозицијата селективно ќе присуствуваат на седниците во Собранието.

Демонстрантите бараат ослободување на претседателот на опозициското Движење за промени во Црна Гора и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ, кој беше уапсен по налог на судот во Подгорица за предмет во врска со давање мито.

Булатовиќ исто така најави и нови протести, се додека, како што рече, не биде решена кризата во врска со апсењето на Медојевиќ и Милан Кнежевиќ.

На протестот беше испратена порака до властите дека „осободувањето на Црна Гора“, мора да почне со ослободување на Медојевиќ и Кнежевиќ.

За време на протестот кој се одржа синоќа едно лице беше уапсено поради навреда на полицаец

Треба да знаете
Последни објави