Search

Протести на студентите во Тирана и Елбасан поради зголемување на тарифите за испити

Студентите од Унверзитетот во Тирана и Политехничикиот универзитет денеска протестираа пред зградата на Министертвото за образование барајќи укинување на тарифата за преостантите испити.

Протестот го почнаа пред Унверзитетот, потоа маршираа до Министерството, барајќи од министерката Линдита Никола да го повлече зголемувањето на тарифата.

Тие фрлаа со јајца врз зградата на ресорното Министерство.

Протестираа и студентите од Унверзитетот „Алекандар Џувани” во Елбасан, кои ја бојкотираа наставата и почнаа да потпишуваат петиција, која ќе ја достават до министерката.

Минстерката Никола истакна дека е подготвена да разговара со студентите, но додаде дека плаќањето на годината што ја загубиле било и со стариот закон.

На прес конференција по протестите таа направи биланс на реформите во високото образование, од кои, како што рече, нема да се откаже.

-Реформите ќе почнат да се спроведуваат од следната година и истите се насочени кон поквалитетно образование. Отстапки од тоа нема, посочи Никола.

Таа меѓу другото нагласи дека се затворени 22 „универзитети-киосци”, бидејќи „нема да дозволи универзитетите да станат „финансиска дупка”.

Треба да знаете
Последни објави