Search

Протести на приврзаници на Брегзит во Британија

Приврзаници на Брегзит почнаа протестен марш од североисточна Англија до Лондон, обвинувајќи ги политичарите за предавство, бидејќи тие не успеале да ја извадат Британија надвор од ЕУ во рамките на временскиот рок.

Предвидениот датум за влегување во сила на брегзит е 29-ти март и најверојатно ќе биде одложен.

Група учесници, составена главно од постари граѓани, тргнаа од Сандерленд, 435 километри од Лондон, со извици „Прифатете демократија” и „Владејте со Британија”.

Планирано е тие да стигнат до британскиот Парламент на 29-ти март.

На учесниците во протестот им се придружи на поранешниот лидер на партијата „Независност” и на главен заговорник за брегзит Најџел Фараџ, кој рече дека „ако политичарите мислат да не прегазат, ќе им вратиме со марш и ќе им кажеме дека не можат”.

Треба да знаете
Последни објави