Search

Протести на Палестинците на Западниот брег против планот на Трамп

Илјадници Палестинци денеска протестираа на Западниот брег против иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток.

Демонстрантите на тој начин сакаат да ги поддржат палестинските лидери во обид да се добие поддршка од Обединетите нации за резолуција со која се отфрла планот.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска треба да одржи говор во ОН.

Учесниците на протестот се собраа на плоштадот Ел Манар во Рамала, седиштето на палестинските власти на Западниот брег.

Треба да знаете
Последни објави