Search

Протести во Хонг Конг против новиот закон за национална безбедност

Полицијата во Хонг Конг денеска употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои протестираа против планот на Пекинг за воведување закон за национална безбедност за градот.

Илјадници луѓе се собраа да протестираат против законите што ги планира Кина како одговор на протестите минатата година, а кои донесоа најголеми немири за кинеското владеење од 1997 година.

Според неименуван извор законот ќе забрани отцепување, мешање на странски земји, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и мешањето на странците во внатрешните работи на поранешната британска колонија, јавуваат западни агенции.

Демонстрантите во Хонг Конг ја оценуваат најавата како грубо мешање на кинеската Комунистичка партија во автономијата на Хонг Конг, додека официјален Пекинг ги негира обвинувањата.

Треба да знаете
Последни објави