Search

Протести во САД поради убиство на црнкинка, застрелани седум лица

Најмалку седум лица се застрелани, а најмалку едно лице е во критична состојба по протестите во Луисвил поради убиството на Бреони Тејлор, црнкинка застрелана во нејзиниот стан во март, соопшти полицијата.

Ситуацијата во центарот на градот е сè уште чувствителна, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата соопшти дека не испукала ниту еден куршум во инцидентот, но дека уапсила неколку лица. Претходно, тие објавија во твит дека огромна толпа се собрала во центарот на градот.

Градоначалникот на Луисвил, Грег Фишер, сподели на Твитер објава за која рече дека е напишана од мајката на Бреони Тејлор, во која демонстрантите се повикуваат на мирен протест.

„Разбирливо, чувствата се силни“, напиша Фишер.

Пукањето во Луисвил се случи во исто време кога ескалираа протестите во Минеаполис поради смртта на Џорџ Флојд (46), црнец кој се задуши додека полицаец му го стискал вратот со коленото.

Треба да знаете
Последни објави