Search

Протести во Либан поради лошата економска ситуација во земјата

Стотици луѓе излегоа низ улиците на Либан, протестирајќи поради економската ситуација во земјата, во момент кога Либан се соочува со рекорден пад на валутата.

Незадоволството се зголеми откако либанската фунта загуби 70 отсто од својата вредност од октомври минатата година кога почнаа протестите.

Собирите се прекинати за време на пандемијата на новиот коронавирус, но неодамна почнаа повторно.

Девалвацијата на либанската фунта предизвика најлоша економска криза во таа земја во последните неколку децении, а голем број граѓани кои имаа заштеда во домашната валута се соочија со сиромаштија, што дополнително се влоши со појавата на пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави