Search

Протести во Колумбија поради убиство во полициска станица – 10 загинати и над 400 повредени

Во дводневните протести во Колумбија, што избија поради смртта на маж во полициски притвор, загинаа 10 луѓе а над 400 се повредени.

Насилството кое ја потресе Богота по смртта на Хавиер Ордонез, продолжи и втора ноќ по ред, со помали протести и судири со полицијата.

Министерството за одбрана соопшти дека 10 луѓе се убиени, додека 209 цивили и 194 полицајци се повредени. Уништени се десетици автобуси, вклучително и 13 запалени. За време на немирите оштетени се и голем број полициски станици.

Министерот за одбрана, Карлос Холмес упати извинување во име на полицијата за какви било незаконски активности направени за време на притворот на Ордонез.

Тој рекол дека е наредено дисциплинско сослушување за да се утврди дали полицајците извршиле убиство и злоупотреба на својата положба. Главното обвинителство ќе утврдува дали ќе биде поднесена кривична пријава.

За време на истрагата седум полицајци се суспендирани.

Протестите во Колумбија избија откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое беше прикажано како полициски службеници повеќепати употребиле електрошок на Хавиер Ордонез (46), татко на две деца, кој подоцна починал во болница.

Инцидентот предизвика без поради прекумерната употреба на сила во полицијата. Се случува истовремено со масовните протести поради расната дискриминација и полициското злоставување на Афроамериканците во САД.

Треба да знаете
Последни објави