Search

Протести во европските градови против национализмот

Илјадници луѓе протестираа денеска во градовите ширум Европа против десничарскиот популизам и национализам, а пред изборите за Европскиот парламент од 23 до 26 мај.

Маршевите под слоганот: „Една Европа за сите: Вашиот глас против национализмот“ беа одржани во Берлин, Келн, Лајпциг, Франкфурт, Минхен и Хамбург, пренесе „АП“.

Организаторите на повеќе од 70 групи велат дека ја поддржуваат Европската Унија, но бараат промени во миграциската политика, како и поддршка за мисијата за спас на бегалците во Средоземното море.

Планирани се и собири под слоганот „Не за омразата, да за промените“, во Будимпешта, Женева, Варшава, Букурешт и други градови.

Треба да знаете
Последни објави