Search

Протести во Белорусија, приведени над 140 демонстранти

Илјадници Белоруси денеска излегоа на улиците на нови демонстрации против долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко, барајќи негово повлекување од власта.

Група за заштита на човековите права – Весна (Пролет) наведе дека полицијатѕа уапсила над 140 демонстранти и дека претепала многу други учесници на протестот, пренесе АП.

Демонстрантите денеска првично се собраа во разни делови на Минск за да ја отежнат работата на полицијата, но се соочија со репресија кога се обидоа да се обединат во центарот на градот.

Полицијата употреби шок-бомби за да ги растера демонстрантите и почна да апси. Демонстрантите извикуваа „Да живее Белорусија“ и мавтаа со црвено-бели знамиња на опозицијата.

На улиците на Минск се распоредени голем број полицајци, со оклопни возила и водени топови.

Опозиционерката Светлана Тихановскаја, која веднаш по изборите побегна во Литванија за да избегне апсење, го поздрави денешниот протест, како нив чекор кон „слободна и праведна Белорусија“.

Треба да знаете
Последни објави