Search

Протестите се вистински наменети против цената на струјата или се политички калкулации за подобри позиции во преговорите за новата Влада?

Одлуката на Регулаторната комисија за енегетика која дозволи да се зголеми цената на струјата за 7,4 отсто, предизвика низа реакции во јавноста посебно по социјалните мрежи, од каде стигна и  најава за организирање на протести против зголемувањето.

Протестите се најавени дека ќе се одржата во Тетово, Гостивар и скопската општина Чаир. Ваквиот чекор на граѓаните се случува в очи на преговорите меѓу партитие за формирањето на парламентарното мнозинство и новата Влада. Неизвесноста кои од албанските партии ќе партиципирата во составувањето на новата Влада фрла друга димензија на ваквите протести. Аргументите на (не)задоволните дека имало долги редови и чекања за сметка, немањето место за поплаки, како и барањето за формирање на независно тело наспроти Регулаторната комисија за енергетика, која и сега е независно тело формирано од Собранието по теркот на ЕУ стандардите, наведуваат на други цели, наместо цена !?

Анализите покажуваат дека просечната сметка кое едно домаќинство би ја плаќало за електрична енергија изнесува 1.751 денари, што е за 146 денари повеќе споредено со 2019 година кога просечната сметка за домаќинствата изнесувала 1.605 денари. Во истиот период, просечната нето плата во 2019 година изнесувала 25.215 денари, додека заклучно со мај 2020 година просечната нето плата изнесува 26.678 денари, што претставува зголемување од 1.463 денари. Ако пак го споредиме трошокот за електрична енергија како удел во просечната нето плата исплатена во мај годинава, пресметката покажува дека месечната сметка за електрична енергија учествува со 7,75 отсто.

Причините за револт кај граѓаните имаи кога ќе се земе во обзир стандарот и целата ситуација на неизвесност која произлегува од пандемијата со коронавирусот. Од друга страна, ако се земе предвид дека зголемувањето на цената на струја се должи на поскапувањето на цената за производство и пренос што е процент кој отпаѓа на државните МЕПСО И ЕСМ, збунувачки се и причината за протестот и посочените барања.

Иницијативниот одбор кој закажа протест против зголемувањето на цената објаснува дека причината на протестот е монополот на ЕВН и долгите редови на чекање за да се платат сметките, но не се протестира и против државните компании каде што има огромна превработеност и заради што се зголеми цената на струјата.

 

Треба да знаете
Последни објави