Search

Простест во Ново Село за слобода за Чавков

Група граѓани, семејството, роднини и пријатели, вечерва во Ново Село, Струмица, родното место на Митко Чавков, оддржа протест за поддршка за, како што објавија дел од медиумите, правда за Чавков.

Тие протестираат со пароли „Слобода за Митко Чавков“.

Поранешниот директор на БЈБ доби највисока затворска казна од во случајот „27 април“. Судечкиот совет со првостепена пресуда му одреди 18 години затвор.

Од 16 обвинети, само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда. Останатите имаат право на жалба до Апелациониот суд, а во меѓувреме ќе се жалат и на притворот кој им беше одреден веднаш по соопштувањето на првостепената пресуда.

Треба да знаете
Последни објави