Search

Пронаjдени 180 стебла канабис кај Блаце

Точно 180 стебла канабис биле пронајдени во атар на скопското село Блаце, информира МВР.

Според полицијата, акцијата била извршена вчера од страна на Единицата за недозволена трговија, полицајци од други единици при СВР Скопје и полициски службеници од ПС за граничен надзор „Блаце“. Во атарот на селото Блаце кај месноста „Вражји вир“ биле пронајдоа 180 стебла од канабис и опрема за одгледување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави