Search

Пронајден распаднат човечки труп во Ресенско

Во атарот на селто Долно Дупени биле пронајдени делови од човечко тело.

Лешот го пронашле полициските службеници по претходна пријава, на местото викано „Големи Грми“.

-На 28.07.2020 во 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Долно Дупени, ресенско, по претходна пријава за пронајден човечки череп, од полициски службеници бил извршен преглед и претрес на теренот, при што во атар на с.Долно Дупени, на место викано „Големи Грми“, биле пронајдени делови од човечки леш, информираат од МВР.

Деловите се подигнати и предадени на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави