Search

Пронајден авионот во кој леташе Сала

Aвионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала беше пронајден блиску до англиското крајбрежје, јавија англиските медиуми. Седиштата од авионот биле пронајдени пред неколку дена, но денеска била пронајден целиот труп на авионот. Леталото било на самото дно на каналот. Авионот исчезна на 22 јануари во близина на каналските острови, на лет од Нант за Кардиф.

Дејвид Мернс, човекот кој беше платен од страна на семејството на Сала да ја истражува областа, откако државата крена раце дека ќе го најде авионот, изјави дека тие го лоцирале авионот денеска рано наутро, но дека не пристапиле кон вадењето на трупот на авионот, туку тоа го оставиле на државните институции.

„Леталото го најдовме рано утринава и веднаш потоа им јавивме на властите за тие да дојдат и да продолжат со подигање на трупот на авионот. Од нив очекувајте изјава утре наутро. Повеќе не би говорел поради почит кон семејствата на исчезнатите“, рече Мернс.

Треба да знаете
Последни објави