Search

Пронајдено телото на полскиот продуцент и бизнисмен Пјотр Вознијак-Старак

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Јарослав Зелински, денеска соопшти дека спасувачите го пронашле телото на исчезнатиот бизнисмен и филмски продуцент Пјотр Вознијак-Старак.

Старак (39) беше одговорен за некои од најпопуларните филмови во Полска, а исчезна во саботата, пренесува АП.

Потрагата по неговото тело почна уште во неделата кога минувачите забележале празен чамец на површината на езерото Кисајно во североисточна Полска.

„Сè покажува дека неговото тело е пронајдено“, рече заменик-министерот изразувајќи сочувство до семејството.

Треба да знаете
Последни објави