Search

Пронајдени 30 мигранти во камион кај Струмица

Триесет мигранти биле пронајдени во камион паркиран на магистралниот пат Радовиш – Струмица.

Полицијата вчера во 12.30 часот кај клучката за селото Воиславци, пронашле паркиран камион „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

При преглед во возилото биле пронајдени 30 мигранти. Од нив 24 од Пакистан, троца од Ирак, двајца од Сирија и еден од Судан.

Полицијата го бара возачот.

Треба да знаете
Последни објави