Search

Пронајдени 13 мигранти, меѓу кои и мртва жена на грчкиот остров Самос

Крајбрежната служба на Грција, кусо по полноќ, пронајде 13 мигранти на плажа на грчкиот остров Самос, меѓу кои и мртва 65-годишна жена, објавија грчките медиуми.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на сведоштва на мигрантите, пишува дека жената починала за време на патувањето од турското крајбрежје кон Самос.

Според истите информации, грчката крајбрежна служба спровела акција за пронаоѓање на криумчар, кој наводно од чамецот се фрлил во морето за да избега.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на грчкиот остров Самос, според официјалните информации од грчката Влада, заклучно со 4 септември 2019, има 4.989 бегалци и мигранти.

Треба да знаете
Последни објави