Search

Пронајдени остатоците од јапонскиот воен авион Ф-35 во Пацификот, се трага по пилотот

Остатоци од јапонскиот воен авион Ф-35, кој вчера исчезна од радарот, беа пронајдени во Пацификот, а за пилотот се уште се трага, јави денеска Министерството за одбрана на Јапонија.

Авионот исчезна од радарот за време на ноќниот лет на обука на источниот брег Аомори, објави АП.

Ф-35 исчезна половина час по полетувањето од воздухопловната база Мисава, со уште три авиони Ф-35.

Како што рече министерот за одбрана Такеши Ива, причината за падот на авионот досега не е утврдена.

Треба да знаете
Последни објави