Search

Пронајдена рачна бомба во објект на црквата во село Дупјани

 Кичевец вчера пријавил дека при реконструкција на објект во склоп на селската црква во село Дупјани била пронајдена рачна бомба што потекнува од Втората светска војна.

Од МВР денеска информираа дека вчера во 09.20 часот во Полициска станица Кичево, Д.П.(46) од Кичево пријавил дека при реконструкција на објект во склоп на селската црква во с.Дупјани била пронајдена рачна бомба која потекнува од Втората светска војна.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка. 

Треба да знаете
Последни објави