Search

Пронајдена марихуана во автомобил на Гостиварец

Вчера околу 22:30 часот во село Здуње, гостиварско, полициски службеници запреле патничко возило ,,Ауди А6″ со австриски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(44) од село Беловиште, гостиварско, а во кое како сопатници биле А.С. (24), В.С. (22), двајцата од Гостивар и М.Н.(31) од село Здуње. При преглед над возилото и лицата била пронајдена и одземена марихуана. Возачот и сопатниците биле приведени во Полициската станица Гостивар, а по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави