Search

Промоција на Извештајот за Законот за спречување и заштита од дискриминација

 Мрежата за заштита од дискриминација денеска ќе го промовира Извештајот за имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2011-2018).
Извештајот има за цел да се оцени функционалноста на постојните правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, со фокус на имплементацијата на Закон за спречување и заштита од дискриминација од 2010 година и функционалноста на Комисијата за заштита од дискриминација.
Подготвениот извештај ќе даде преглед на севкупното досегашно работење на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД), ги идентификува позитивните и негативните аспекти во имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Тој претставува и основа за компарација на понатамошното работење на новата Комисија во остварувањето на нејзиниот нов пропишан мандат. Извештајот овозможува идентификување на клучни препораки со цел надминување на досегашните недостатоци при имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Анализата е дел од заедничката акција на Мрежата за заштита од дискриминација за следење на процесот на усогласување на националното законодавство со европското во делот на антидискриминацијата.
Треба да знаете
Последни објави