Search

Промоција на дигитално реставрираните филмови на режисерот Ценевски

Кинотеката денеска напладне ќе промовира ДВД-издание на дигитално реставрираните играни филмови на режисерот Кирил Ценевски – „Црно семе”, „Јад”, „Оловна бригада” и „Јазол”.

Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Контроверзноста слободно може да фигурира како негово средно име. Уште со првиот филм, „Црно семе”, ги освои не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали, соопшти Кинотеката.

На промоцијата ќе присуствуваат и  познатиот српски актер со македонско потекло Лазар Ристовски и  македонската актерка од Хрватска Костадинка Велковска.

Треба да знаете
Последни објави