Search

Промовиран прирачник за полагање стручен испит за работа во автошкола и испитен центар

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, изготви „Прирачник за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен центри” кој претставува сублимиран материјал од повеќе области и повеќе стручни трудови, и е корисен за едукација и оспособување на возачите инструктори, а  може да послужи и како материјал за подготовка за полагање на стручен испит за работа во автошколи и испитни центри.

-Праксата и искуствата во земјите членки на Европската Унија и кај нас покажаа дека е неопходно воведување систем на лиценцирање на одредени професии во системот на безбедност во патниот сообраќај, со цел стручноста и одговорноста на ангажираниот кадар и воопшто стручноста и квалитетот на работа во автошколите и испитните центри, да се подигне на  повисоко ниво, рече Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП на промоција на прирачникот.

Квалитетот на обуката на кандидатите за возачи и соодветна проверка на нивните знаења и вештини, додаде, во голема мера влијае на тоа дали возачите во текот на својот живот, помалку или повеќе ќе се однесуваат во согласност со прописите и општо прифатените норми во сообраќајот и дали безбедно ќе учествуваат во сообраќајот.

-За квалитетна и високо стручна работа, возачите инструктори, предавачите по теоретски дел и членовите на испитните комисии во испитните центри, треба да поседуваат знаења и информации од повеќе области. Kонтинуирана и квалитетна едукација на стручниот кадар во автошколите и испитните комисии, континуирано надоградување на нивните знаења и способности е неопходно со цел да се произведат квалитетни, општествено одговорни и пред се совесни, обучени и безбедни возачи, истакна Кожуваровска.

Согласно обврските кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, истакна, во наредниот период, возачите инструктори, односно ангажираниот стручен кадар во автошколите и испитните центри неопходно е да полагаат стручен испит за добивање на соодветна лиценца за вршење на дејноста.

Треба да знаете
Последни објави