Search

Промовирани нови агрометеоролошки станици и заеднички работен простор

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денес ги претстави успешно завршените проекти:„Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ и „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, реализиранисо финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Домаќин на промотивниот настан беше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а како почесни гости присуствува Министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Горан Милевски, Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Зутер, Претседателот на Советот за развој на ЈИПР, Коста Јаневски, кој е воедно и Градоначалник на општина Струмицa, како и останатите градоначалници на општините од Југоисточниот плански регион. По посетата на една од станиците поставена во општина Василево, гостите, меѓу кои и многу земјоделци, имаа можност да го посетат и Заедничкиот работен простор во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.

„Двата проекти се партнерски на сите општини од Југоисточниот плански регион и особено сме горди на ваквата меѓуопштинска соработка, а средствата  во висина од 7 милиони денари во целост ги обезбедува Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот  “Одржлив и рамномерен регионален развој,“ изјави Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

На промоцијата се презентираа резултатите од успешно имплементираните проекти од Југоисточниот регион преку Грантовите шеми за инвестициски и за иновативни проекти овозможени преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Од страна на Раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ЖулиетаЃуркова беше доделена благодарница на Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.

„И двата проекти кои што ги промовираме денес, агрометеролошките станици и новиот Заедничкиот работен простор придонесуваат за подобрување на претприемничкото опкружување за деловните активности во регионот. Би сакала да ја искористам оваа прилика да ве информирам дека двете грантови шеми за инвестициски и иновативни проекти за 2020 годинаво висина од 1,4 милиони швајцарски франци, се веќе во тек.“ истакна Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.

„Поддршката што ја овозможуваат Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа за одржлив и рамномерен регионален развој е од големо значење за сите плански региони. Преку овозможените грантови шеми за период 2019 година, имплементиравме активности за зголемување на учеството на граѓаните во планирањето и донесувањето на одлуки на регионално ниво со цел искористување на развојните потенцијали и нивно одржливо управување.Средствата кои ни беа овозможени ги насочивме кон подобрување на условите за заштита на животната средина преку воведување на нови технологии во земјоделството, односно поставување на 23 агрометеоролошки станици во сите општини во регионот со посебни сензори кои прогнозираат временски услови и болести за одредени земјоделски културии вмрежување со бизнис секторот преку воспоставување на Заеднички работен простор во регионот“,изјави ЖулиетаЃуркова, Раководителка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

„Општина Струмица веќе подолго време преку форма на консултација на граѓаните како што се форуми на заедниците, практикува да ги вклучи сите граѓани заеднички да размислуваат, да разговараат, да приоретизираат и заеднички да помогнат во процесот на креирање на решенија на одредени проблеми согласно потребите на граѓаните и во таа насока заеднички да се изгради општина во која сите ќе се чувствуваат среќни и задоволни.Ја поздравувам идејата за идентификација на проблеми и подготовка на проекти на партиципативен начин и на регионално ниво, бидејќи преку овој пристап проблемите и предлог решенијата произлегуваат од самите граѓани.Сведок сум дека реализацијата на овие два проекти се одвиваше со забрзана динамика со цел да се добијат денешните посакувани резултати од кои веќе имаат корист сите граѓани од регионот.“, изјави Коста Јаневски, Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и Градоначалник на општина Струмица.

 

Треба да знаете
Последни објави