Search

Промовирана поштенската марка „75 години од депортацијата на Евреите во Македонија”

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања, а во организација на Македонски пошти, се одржа промоција на поштенската марка „75 години од депортацијата на Евреите во Македонија“.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, рече дека депортацијата на Евреите од Македонија за време на Втората светската војна претставува веројатно еден од најцрните и сигурно еден од најтажните периоди во историјата.

Во продолжение Османи се осврна на предизвиците низ кои поминува Република Македонија во овој период стремејќи се да ја зацементира својата евроатлантска ориентација, при што додаде дека одбележувањето на денешниот ден претставува континуитет на нашата суштинска определба, да бидеме дел од создавањето, од негувањето и промоцијата на вредностите на кои почива западната цивилизација.

Како политичари, како Влада, но и како земја, како граѓани остануваме целосно посветени на изградбата и зацврстувањето на интегративните предизвици со кои се соочуваме, најпрвин внатре, преку негување, на принципите на соживот, на еднаквост, на правичност, но и надворешно, вложувајќи огромни напори во историското помирување на народите и затворањето на меѓусебните прашања, како основен предуслов за европската интеграција на целиот Балкан”, додаде Османи при што во овој контест нагласи дека токму успехот од овие процеси, успехот во промоцијата на европските вредности, всушност претставува зачувување на смислата на еврејската жртва, како безвременски чувар на хуманоста, солидарноста и слободата.

Треба да знаете
Последни објави