Search

Промовирана Националната стратегија за развој на концептот за еднаквост и интеркултурализам

 Полесно е да се градат ѕидови отколку мостови, но мостовите се тие што поврзуваат. Оружје на развојот е дијалогот, што е неопходен и прв чекор за решавање на секоја евентуална точка која може да иницира поделба. Докажавме дека имаме политичка и општествена волја за решавање спорови, можеме да докажеме оти умееме да бидеме модел и за успешно и фунцкионално оптрењство еднакво за сите.

Ова денеска го нагласи Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, кој заедно со Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на култура и меѓуресроска соработка,  ја презентираа тригодишната Национална стратегија за развој на концептот за еднаквост и интеркултурализам, како стратешки документ врз основа на кој ќе бидат инцирани активности за зајакнување на комуникацијата и соработка помеѓу заедниците, а во насока на зајакнување на концептот на едно општество еднакво за сите.

Алаѓозовски во образложението на стратегијата, како програмски владин приоритет, оцени дека поставените цели се амбициозни, меѓутоа, подвлече, во имплементацијата се идентификувани преку 20 министерства, агенции, управи и други институции, што треба да се вклучат во спроведувањето.

Информира дека во изминатите 12 месеци во анализата и изработката на текстот биле вклучени преку 140 НВО, домашни експерти и претставници на клучните институциии. Предвидени се низа активности, во условно седум области, правниот систем, образованието, младите, културата, локалната самоуправа, медиумите и социјалната кохезија.

Ќе се надоградуваат капацитетите на сите институции, што произлегуваат или се во рамки на развој на интеркултурализмот и концептот за едно општество, ќе се ревидираат, ќе се изменат, а ќе се донесат и нови закони. Како што посочи Алаѓозовски, општините и месните заедници, како најблиски институционални форми преку кои граѓаните ги остваруваат своите права, треба да ја унапредат транспарентноста и обезбедување услуги еднакво за сите. Во однос на рамномерниот регионален развој, се предвидува инклузивноста односно не смее да се заборави на најмаргинализираните заедници и населби.

– Во делот на младите, посебно се адрезира говорот на омраза, градење на лидерски способности кај младите, обуки, тренинг центри, кампањеи, сите формати со кои очќекуваме ммладите да станат поинклузивни, рече Алаѓозовски. Додаде дека во културата особено внимание ќе се посвети на развојот на менаџмент со различноста, интеркултурни проекти и повици ќе се објавуваат и на централно ниво, а ќе се инсистира да биде принцип и за сите општини кои практиквуаат повици за проекти од областа на културата.

За медиумите приоритет е националниот радидифузен сервис, кој треба да ги зајакне капацитетите на различните редакции, нагласи Алаѓозовски, а истовремено ќе се обезбедува нивна соработка за содржините да бидат инклузивни и интеркултурни.

Образованието, како едно од најглавните области, истакна тој, ќе се инсистира на елиминација на физичката сегрегација меѓу учениците.

– Ќе направиме и ревидирање и на лектирите и на наставните планови да избегнеме каква било дискриминација или стереотипизација од аспект на припадници на другите културни заедници, изјави меѓу другото Алаѓозовски.

На новинарско прашање како ќе се правуваат со говорот на омраза особено во пред изборниот период и во изборна кампања, министерот Адеми потенцира дека во изминатите две и пол години ниту еден функционер, министер член на оваа Влада, ниту изразил, ниту кажал зборови на навреди по национална, верска или друга основа.

– Постојат можеби општествени структури кои посакуваат тензии на меѓуетничка основа, но оваа Влада максимално беше поставена во воспоставување систем што ќе ги елеминира колку што може таквиот начин на однесување. Токму оваа стратегија, со сите детали и активноста, воспоставува систем со кој во иднина ќе можеме да ги превенираме уште пред да се појават како такви, рече министерот Адеми.

Треба да знаете
Последни објави