Search

Промовирана монографијата „60 години Витаминка”

Амбициозност, трпеливост, упорност, барање пазари по светот, се пораките за успешност кои ги прати Симеон Наумовски, претседател на одборот на директори на АД „Витаминка” Прилеп на денешната промоција на монографијата „60 години Витаминка”.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и посака на „Витаминка„ уште долго да изненадува со нови нови успеси и нови предизвици, а тие со нови награди и признанија да ги наградуваат.

-Стопанската комора на Македонија за еден месец слави 97 години, „Витаминка” 60 години, додека господинот Наумовски 44 години на чело на компанијата. Тој има и  одличен наследник во Сашо Наумовски, кој ќе ја продолжи семејната традиција. Ова им го посакувам на сите компании во Македонија во наредниот период, во таков континуитет да го препознаваат своето успешно работење, работата на бизнис заедницата и своите поколенија активно да ги вклучат во работење во своите компании, затоа што тоа е иманенто за овој систем во кој што живееме денеска, рече Азески.

Наумовски раскажувајќи за тешкотиите и предизвиците низ кои минал додека стигнал до овие успеси и достигувања им се заблагодари на својот тим и својата сопруга и додаде дека навистина „зад секој успешен маж стои успешна жена”.

Наумовски им порача на младите стопанственици да не влегуваат во подрачје каде не им е познато додека не го проучуваат  и научат добро пазарот за да не се „изгорат”.

Монографијата „60 години Витаминка” е напишана од Тачко Локвенец, кој рече дека во „Витаминка” на се се внимавало, но на овекочувањето и’ не толку многу.

-Соработката со Наумовски е Божји пат, никогаш не зборува напамет, за се што работи запишува и дека овој негов успех не е случаен, туку е постигнат со неговата упорност и работење. Монографиите не се прераскажуваат, туку се гледаат, читаат и чуваат, истакна Локвенец.

„Витаминка” како фабрика за мелен црвен пипер е формирана во 1956 година и 18 години подоцна, во 1974 година, со одлука на управувачкиот кадар се трансформира во прехранбена индустрија. Денеска „Витаминка” може да се пофали со лидерска позиција на мекедонскиот пазар во повеќе сегменти од категоријата прехрана, со помош на 600 вработени лица преку успешната приказна со над 50 брендови.

„Светот на вкусови” е пласиран во преку 30 земји, меѓу кои и државите од регионот, Европа,  Америка  и Австралија. „Витаминка” 60 години по основањето е на македонскиот пазар со 14 производни линии во сегментите: чоколадо, чаеви, супи, прашкасти производи, зачини, кексови.

Треба да знаете
Последни објави