Search

Промовирана „Мартин Крпан-дипломат и воин” од амбасадорот Милан Јазбец

– Во Домот на култура „Илинден”, во истоимената Општина во рамките на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019″, беше промовирана книгата „Мартин Крпан-дипломат и воин” од проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во нашата земја.

За авторот и значењето на оваа книга која што е објавена на македонски, албански и руски јазик промотивна реч одржа проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци од книгата читаше Сузана Тодоровска.

Во своето обраќање пред присутните Николовска истакна дека проф. д-р Јазбец е пријател на народите и културите.

-Тој не учи како да си подадеме рака еден кон друг преку мудрост, но како пред се да си подадеме рака себе си како индивидуи, но и како култура. Културната мисија на Милан Јазбец е мисија за респект, за пример, за јавно признание кое го заслужува. Тој е дипломат на доброто, во креацијата е врвен дипломат, сосема скромен, пристапен, пред се човек со кој ќе се чувствувате пријатно, опуштено, природно и човечки, истакна Николовска според која ова е една од најубавите и најдобрите книги.

За тоа како настана ова дело кое предизвика голем интерес, на присутните им се обрати и авторот Јазбец. 

Треба да знаете
Последни објави