Search

Промовирана книгата „На своја кожа. Продолжи со насмевка”

 Во Делчeво вечерва беше промовирана книгата „На своја кожа. Продолжи со насмевка” од авторот Мирослав Драганов.
Триесет и едно годишниот магистер по право Драганов вели дека книгата претставува еден сублимат на неговиот живот, претставен низ неколку фази кои содржат автобиографски и мотивациски дел.
– Книгата опфаќа вистински и лични приказни и дел поезија. Сето тоа е поделено во 24 животни фази, не случајно 24, затоа што тоа е бројот на годините кога загина мојот брат токму на 24 октомври. Книгата може да се каже дека претставува еден микс, во која во третиот аспект, јас се навраќам на сите мои грешки кои сум ги имал во животот, содржи кратки совети кои на читателите можат да им помогнат и последниот дел е интерактивен дел, во кој го прашувам читателот да го доловат она што му се случува на сопствена кожа, истакна Драганов.
Директорката на делчевската библиотека „Илинден”, Билјана Петровска истакна дека вечерашната промоција е последна промоција во организација на оваа институција.
– Во рамки на последната промоција оваа година, имавме чест да промовираме навистина поинаква и различна и книга која им ја препорачувам на сите наши читатели. Им препорачувам на нашите читатели да ја купат или изнајмат во нашата библиотека и да се уверат дека навистина станува збор за добро дело, рече Петровска.
Од Јавната локална библиотека „Илинден” најавија дека и во следната година ќе продолжат со поддршка кон сите талентирани амбициозни и пред се домашни автори.
Треба да знаете
Последни објави