Search

Променливо облачно со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и значително потопло, а од понеделник во попладневние часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Треба да знаете
Последни објави