Search

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степен.

До сабота, како што соопшти УХМР, ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер. Во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. 

Треба да знаете
Последни објави