Search

Променливо облачно со локален слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во недела исто така ќе се задржи променливо облачно и постудено. На планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

Треба да знаете
Последни објави