Search

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието.Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината. Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на предстојниот викенд.

Треба да знаете
Последни објави