Search

Промена во раководните позиции на Сава осигурување а.д. Скопје

Сакаме да Ве известиме дека на ден 08.11.2019 година е настаната промена во управувањето на Сава осигурување а.д. Скопје. Досегашниот Генерален директор г-дин Сашо Дракуловски заминува од оваа функција и на местото Генерален директор на САВА Осигурување а.д. Скопје е именуван г-дин Ило Ристовски. Заедно со Извршниот директор г-ѓа Мелита Гугуловска се Извршни членови на Одборот на директори на Друштвото и ќе продолжат  да управуваат со работните процеси  во Друштвото.

Сава осигурување и во иднина останува посветен и одговорен партнер кон своите клиенти  и се радуваме на  понатамошното продолжување и продлабочување на соработката, која ќе ни донесе многу нови успешни приказни.

Треба да знаете
Последни објави