Search

,,Произведено во Кина” е лага – и Кинезите бараат поевтина работна сила

Кинеските текстилни компании сé повеќе ги користат странските фабрики за производство, кои и нудат поевтина работна сила, на ист начин како што тоа го прави Западот во Кина.

Но, тие мамат на пазарот – затоа што ја ставаат препознатлива етикета ,,Made in China”, а се што продаваат всушност се произведува од страна на работници во Северна Кореја.

Кинезите се повеќе користат фабрики, трговци и компании во пограничниот град Дандонг, а потоа стоките што таму се прозиведува, се продава низ целиот свет како кинеска.

Користењето на Северна Кореја за производство на поевтина облека покажува дека, и покрај санкциите на ОН наметнати на таа земја, Ким Џонг-ун успева да се најде со помош на ,,пријателите”.

Санкциите поради нуклеарната програма на Северна Кореја не се однесуваат на забрана на извоз на текстил од земјата.

Треба да знаете
Последни објави