Search

Проектил падна во близина на Никозија, најверојатно залутал од Блиски исток

Неидентификуван објект, кој наликува на проектил, рано изутрина се урна во близина на главниот град на Кипар, Никозија, соопштија турски претставници на островот.

Експлозијата се случила околу 1 часот по полноќ во регионот Ташкент, познат како Воуно, 20 километри североисточно од Никозија.

Од паѓањето на проектилот се запалил ридот и се слушнала силна бука.

Претседателот на непризнаениот северен дел на Кипар, Мустафа Акинџи оцени дека инцидентот е поврзан со воените операции на Блискиот исток, но додаде дека воената истрага ќе утврди за што станува збор.

Треба да знаете
Последни објави