Search

Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ на Сараевски филмски фестивал

Сестри и Брат Митевски продукција на најреномираниот регионален филмски фестивал Сараевскиот, оваа година ќе бидат видно застапени речиси во сите програми. Најзначајно, во официјалната натпреварувачка конкуренција за кртатки и анимирани филмови својата регионална премиера ќе ја има анимацијата ЕДНА на Вук Митевски. Да потсетиме ЕДНА веќе беше наградена на фестивалот во Краков со номинација за наградите на Европската Филмска Академија, а Вук како автор веќе се одомаќинува во Сараево со своето трето учество.

Главната актерка од “Господ постои, името и е Петрунија”, Зорица Нушева ќе биде преставена на фестивалот во програмата за меѓународен кастинг , а актерите Стефан Вујисич и Илија Волчески се селектирани и ќе бидат дел од Сараево Талент Кампус.

Понатаму, повеќекратно наградуваниот “Господ постои, името и е Петрунија” ќе се прикажува вон натпреварувачката програма “Во Фокус”, а во истиот програм ќе се прикажува и “Полусестра” најновиот филм на словенецот Дамјан Козоле во кој Сестри и Брат Митевски учествуваат како малцинска копродукција.

Исто така, новиот филм во развој на Теона С. Митевска “Најсреќниот човек во светот” беше селектиран на Синелинк програмата каде ќе се бараат нови партнери заинтересирани за копродукции.

Конечно, со особена чест ве известуваме дека Теона С. Митевска на Сараевскиот филмски фестивал оваа година е поканета да биде и член на главното меѓународно жири предводено од шведскиот влијателен режисер Рубен Ослунд.

 

Треба да знаете
Последни објави