Search

Продолжува 46. седница на Собранието

Продолжува 46. седница на Собранието

Собранието денеска треба да ја продолжи 46. седница на чиј дневен ред се повеќе закони.

Пратениците треба да расправаат за избор на претседател и комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност, а треба да се гласа и за дополнетите предлози на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства и на законот за изменување на Законот за заштита на природата, двата во второ читање.

На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на Законот за царинска управа, на Законот за градежните производи, на Законот за акцизите, за Предлог на одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и годишните извештаи на неколку институции, меѓу кои и на Специјалното јавно обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави