Search

Продолжува судењето на Тодориќ за „Агрокор“во Загреб

Во Жупанскиот суд во Загреб денеска продолжува судскиот процес против Ивица Тодориќ, поранешен сопственик на „Агрокор”. Процесот беше почнат во март годинава.

Според хрватските медиуми, Тодориќ пред судот се појавил без адвокат, затоа што, како што кажа, не му требал.

Обвинението го товари Тодориќ, дека заедно со соработниците „испумпале”  од „Агрокор” 1,2 милиони евра , односно дека парите завршиле на сметката на швајцарската компанија „Сигман Инвест АГ”.

Истрагата против Тодориќ и 14 други лица осомничени за оштетување на „Агрокор” е почна во октомври 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави