Search

Продолжува реконструкцијата на ул. „Александар Урдаревски” и за време на полицискиот час

Екипите на Град Скопје викендов интензивно работат на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски” во Бутел. Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата „Боца Иванова” до крстосницата со улица „Бутелска” во должина од 850 метри, соопшти Град Скопје.

На улицата досега беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.

Оваа улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата „Александар Урдаревски”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави