Search

Продолжува реализацијата на Планот за чист воздух, обезбедени средства за еколошко греење во домаќинствата и нови зелени површини

 Владата предводена од СДСМ продолжува во континуитет да работи на изнаоѓање на ефикасни решенија кои имаат за цел подобро справување со проблемот со аерозагадувањето. Во таа насока е и одлуката за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас, во вредност од 5 милиони денари.

Со тоа, се дозаокружува  имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра. Покрај ова, се прифатија апликациите на сите 19 општини кои аплицираа за замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средни училишта, здравствените и административни објекти, во вкупна вредност од  64 милиони денари.

16 општини ќе бидат поддржани за проектите за енергетската ефикасност со вкупна вредност од 26 милиони денари, додека за 8 општини, вклучително и  Градот Скопје определени 11,5 милиони денари, средства за нови површини со урбано зеленило. 2,5 милиони денари се обезбедени за набавка на прочистувачи на воздух за34 училишта. Наскоро, во општините на Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево, ќе започне доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими. При тоа, граѓаните во зоните каде загадувањето е најголемо согласно закон, ќе можат да набават инвертер клими, кои покрај еколошкиот начин на загревање истовремено ќе имаат и намалување на трошоците за загревање.

Покрај домаќинствата во постапка за замена на неефикасни извори на затоплување кон еколошки и поекономични се и две полициски станици, во Струмица и во Кочани, каде  греењето на нафта се менува  со гас, односно со помош на термални пумпи и една градинка во општина Центар каде греењето од нафта преминува на електрична енергија. СДСМ преку централната и локалната власт кои ги предводи. останува посветено да работи во насока на надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето во цела држава. Реализираме мерки и политики што обезбедуваат почист возхдуз, здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави