Search

Продолжува гласањето за наследник на Тереза Меј

Вториот круг од гласањето за избор на нов лидер на британската Конзервативна партија продолжува денеска во Парламентот.

Конзервативните пратеници ќе се изјаснат со тајно гласање, а резултатите се очекуваат попладнево.

Секој од шестмината останати кандидати мора да освои најмалку 33 гласа, во спротивно испаѓа од изборната трка.

Кандидатите кои ќе останат во игра, вечерва ќе учествуваат во дебата на Би Би Си.

Гласањата ќе продолжат во текот на неделава, се додека не останат двајцата најдобро пласирани кандидата. За нив ќе се изјаснуваат 160.000 членови на Конзервативата партија почнувајќи од 22 јуни, а се очекува победникот да биде прогласен околу еден месец подоцна.

Според анкетите, фаворит за наследник на Тереза Меј на функцијата лидер на конзервативците и британски премиер е поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон

Треба да знаете
Последни објави