Search

Продолжуваат судирите во Јемен, соборени дронови

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска собори два дрона во Јемен, кои ги лансирале Хутите во насока кон Саудиска Арабија.

Во соопштението на коалицијата се наведува дека дроновите летале кон пограничниот град Камиш Мушаит, а Хутите се обвинети дека мета на нападот им биле цивилни објекти и станбени населби.

Хутите немаат потврдено дека тие го извршиле нападот, но соопштуваат за неколку десетици воздушни напади во повеќе провинции, вклучувајќи ја и Мариб, каде веќе три месеци се водат борби.

Едностраниот прекин на огнот, кој го прогласи коалицијата во април, истече минатата недела и не доведе до трајно примирје, бидејќи Хутите ја одбиле понудата.

Треба да знаете
Последни објави