Search

Продолжуваат судењата за ТНТ и за Титаник 3 во кривичниот суд

Денеска, во кривичниот суд, продолжува судењето за предметот на СЈО, ТНТ, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Закажано е судско рочиште и за случајот Титаник 3, кој се однесува на уништување на изборен материјал. И двата судски предмети ќе продолжат во фаза на доказна постапка со испитување сведоци.

Според обвинението на специјалното јавно обвинителство за случајот ТНТ, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“.

Меѓу обвинетите се поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Случајот Титаник 3 се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Треба да знаете
Последни објави